Published On: октомври 30, 2026Categories: Вести, Новости

Во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година, во просториите на Агенцијата за заштита на личните податоци во Скопје, се одржа експертска мисија преку инструментот ТАИЕКС на Европската комисија, на тема „Поддршка за имплементација на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи во согласност со Директивата NIS2“.

Мисијата беше посветена на улогите, надлежностите и обврските на надзорните органи за заштита на личните податоци во контекст на барањата на Директивата NIS2, со посебен акцент на зајакнувањето на институционалните капацитети и воспоставувањето ефективни механизми за соработка со органите надлежни за сајбер-безбедност, особено при пријавувањето и постапувањето со безбедносни инциденти.

Во експертската мисија учествуваа претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци, Министерството за дигитална трансформација и Агенцијата за електронски комуникации, односно Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT).

Експертите од Хрватска и Романија споделија искуства и добри практики во областа на сајбер-безбедноста и заштитата на личните податоци, управувањето и пријавувањето безбедносни инциденти, како и координацијата и соработката меѓу надлежните институции.

Размената на знаења, практични искуства и институционални решенија претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓуинституционалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на надлежните институции, во насока на целосно транспонирање на Директивата NIS2 во националното законодавство.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 19 и 21 октомври во Агенцијата за заштита на […]

    Прочитај повеќе
  • На 20 октомври 2026 година, Агенцијата во своите простории одржа […]

    Прочитај повеќе
  • Според Законот за заштита на личните податоци, еден од клучните […]

    Прочитај повеќе