
Во период од 6 до 9 мај 2025 година, заменик директорката Елена Велјановска заедно со претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваше на 33-та Европска конференција на тела за заштита на лични податоци, која се одржа во Батуми, Грузија.
Пролетната конференција е годишен состанок на сите органи за заштита на личните податоците од земјите на Европската Унија и надвор од ЕЕА. Конференцијата служи како единствен паневропски форум посветен на практична соработка меѓу регулаторите, премостување на границите и поттикнување на соработката за заштита на личните податоци и приватноста во Европа.
Настанот претставуваше значајна платформа за соработка, размена на искуства и најдобри практики меѓу надзорните тела од Европа и пошироко. Темите на конференцијата се фокусираа на прекугранична размена на податоци, предизвиците од областа на вештачката интелигенција и потребата од засилена меѓународна соработка во сферата на заштитата на личните податоци.
Особено значајно е што на пленарната сесија беше усвоена Резолуцијата за Акциски план за понатамошни активности на соработка, која ќе послужи како основа за продлабочување на соработката меѓу членовите и набљудувачите на конференцијата.
На маргините на конференцијата, претставниците на АЗЛП остварија корисни средби и разговори со колеги и партнери од други земји, при што беа разменети идеи и информации за предизвиците со кои се соочуваат националните тела за заштита на податоците во современиот дигитален контекст
На 30.04.2025 година, заменик директорот Елена Вељановска од Агенцијата за […]
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]