Published On: јануари 30, 2024Categories: Вести, Новости

Секоја година Агенцијата за заштита на личните податоци го одбележува 28 јануари, Европскиот ден на заштитата на личните податоци. Овој датум е потсетник преку кој се истакнува важноста и се промовира свеста во однос на заштитата на личните податоци. На овој ден се одбележува правото на заштита на личните податоци на граѓаните кое претставува посебно фундаментално право.

Агенцијата, на 26ти јануари, 2024 година во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи, Делегацијата на ЕУ и Македонско здружение на млади правници организираше настан за одбележување на Европскиот ден за заштита на личните податоци под наслов „Зајакнување на судството и заштита на младите луѓе во дигиталната ера“.

Настанот го отвори амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир на кој истакна дека целта на овој ден е да се подигне свеста за предизвиците од заштита на личните податоци и да се информираат луѓето за нивните права и како истите да ги употребуваат. Во врска со Извештајот на ЕУ за напредокот на земјава потенцираше дека забележан е добар прогрес во врска со заштитата на личните податоци, но како недостаток го нагласи континуираниот одлив на професионален кадар од Агенцијата кој работи на спроведување на Законот за заштита на личните податоци.

Директорот на Агенцијата, Имер Алиу во своето обраќање по повод на овој настан ја истакна важноста на денот но потсети и на проблемот на законодавството во однос на усогласувањето повеќе стотици закони со Законот за заштита на личните податоци, исто така го посочи и зајакнувањето на капацитетите на судството и јавните обвинители во однос на правото на заштита на личните податоци. Директорот, меѓу другото, извести и дека во претстојниот период Агенцијата работи на нова Стратегија за заштита на личните податоци во која ќе бидат ословени предизвиците кои ги носи напредокот на дигиталното општество.

  Исто така истакна дека сите заедно како поединци, претставници на институции, граѓански организации и адвокати потребно е да се однесуваме поодговорно и да изградиме култура на заштита на приватноста во согласност со законодавството и вредностите на Советот на Европа и на Европската Унија.

Во останатиот дел од настанот се дискутираше на теми за предизвиците на заштита на личните податоци во дигиталната ера и зајакнување на судството. Додека пак, последната сесија беше посветена на младите во дигиталниот свет и се однесуваше на нивниот став во однос на тоа дали и колку се младите свесни за своите права.

Слични вести

Погледни ги сите
  • По повод Европскиот ден за заштита на личните податоци, на […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе
  • На 13.12.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе