Published On: јануари 28, 2025Categories: Вести, Новости

Агенцијата за заштита на личните податоци, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), организира настан на кој се промовираа три едукативни видео материјали создадени со цел да се зголеми јавната свест за важноста на заштитата на личните податоци и приватноста во секојдневниот живот.

 На 28 јануари 1981 година, во Стразбур започна процесот на потпишување на Конвенцијата 108 на Советот на Европа за заштита на лицата во однос на автоматска обработка на лични податоци. Оваа конвенција претставува првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоци и како таква, има поставено цврсти темели за развојот на оваа област во Европа. Република Северна Македонија, како активен член на Советот на Европа, е потписник на оваа конвенција, што ја потврдува нашата посветеност на заштитата на личните податоци и на приватноста.

Денес, на 28ми јануари 2025 година, на Европскиот ден за заштита на личните податоци, уште еднаш се потсетуваме за важноста на заштитата на нашите лични податоци во дигиталното време. Европскиот ден за заштита на личните податоци е создаден со цел да се подигне свеста за значењето на заштитата на личните податоци, како и да се нагласи важноста на правото на приватност за сите граѓани. Овој ден исто така ни служи како потсетник за одговорноста што ја носиме како институции и како поединци во обезбедувањето на овие основни права.

Во чест на Европскиот ден за заштита на лични податоци, ви презентираме серија информативни видеа кои ќе ви помогнат да ги заштитите вашите лични податоци и да ги разберете правата што ги имате како граѓани. Погледнете ги нашите видеа за да научите како да се заштитите од онлајн закани, како да управувате со вашите податоци и што треба да направите во случај на повреда на правото на заштита на личните податоци.

Едукативно видео 1

Едукативно видео 2

Едукативно видео 3

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци донесе нов Правилник за […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе
  • На 19 декември 2024 година, Агенцијата одржа предавање на тема […]

    Прочитај повеќе