Published On: февруари 12, 2025Categories: Вести, Новости

По повод Меѓународниот ден за побезбеден интернет, на 11 февруари 2025 година, претставници од Агенцијата одржаа предавања на македонски и албански јазик на тема „Заштита на личните податоци при користење на интернет“ во основните училишта ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во општина Кисела Вода, Скопје, ООУ „Фан С. Ноли“ во с. Требош, општина Желино и ООУ „Фан С. Ноли“ во с. Палатица, општина Желино. Учениците имаа прилика да се запознаат со работата на Агенцијата во врска со заштитата на личните податоци, да добијат корисни совети за заштита на нивната приватност и идентитет на интернет, како и да се информираат за мерките за безбедност при користење на социјалните мрежи.

Подигнувањето на свесноста кај децата за безбедноста на интернет е клучно за заштита од потенцијалните ризици и злоупотреби на лични податоци. На настанот децата беа информирани за основните заштитни мерки како што се користење на силни лозинки, внимателност при споделување на информации на интернет и разлика помеѓу јавни и приватни податоци. Приватноста и заштитата на личните податоци се основни права на секој поединец и мора да се почитуваат во дигиталниот свет, бидејќи недоволната свесност може да доведе до сериозни последици, како што се кражба на идентитет или манипулации со лични информации.

На Меѓународниот ден за побезбеден интернет беа поделени и информативни материјали со совети: „Приватноста на децата и младите во светот на модерните технологии (Интернет и социјални мрежи)“, со цел да се едуцираат децата за важноста на заштита на приватноста, особено бидејќи тие секојдневно ги користат придобивките на дигитализацијата.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци, во соработка со Германското […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци донесе нов Правилник за […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе