Published On: февруари 26, 2026Categories: Вести, Новости

На 25.2.2026 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше обука на тема „Безбедност на обработката на личните податоци“, која се одржа во просториите на Агенцијата. Обуката беше наменета за претставници од осигурителниот и пензискиот сектор, односно за Сава осигурување, Сава пензиско друштво А.Д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, ВФП пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Во рамки на обуката беа презентирани новините кои произлегуваат од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, при што посебен акцент беше ставен на обврските на контролорите и обработувачите во однос на примената на соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, како и на процесот на изработка на проценка на ризик при обработката на личните податоци.

Учесниците активно се вклучија во дискусијата преку поставување прашања, при што беа разгледани практични предизвици и дилеми со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Целта на обуката беше унапредување на свесноста за безбедноста на личните податоци и поддршка на контролорите во правилната имплементација на мерките за заштита на податоците во нивното редовно работење.

Слични вести

Погледни ги сите
  • По повод одбележувањето на Денот за побезбеден интернет, Агенцијата за […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со ИМПЕТУС […]

    Прочитај повеќе
  • На 22 јануари 2026 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе