Published On: јуни 6, 2024Categories: Вести, Новости

На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци по повод нејзиниот 20 годишен јубилеј, претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на конференцијата „Ризици и усогласеност со ГДПР во ерата на вештачката интелигенција“ која се одржа на 24 мај 2024 година во Загреб, Република Хрватска. На конференцијата се дебатираше за интеракцијата помеѓу Регулативата за вештачка интелигенција и Општата регулатива за заштита на личните податоци. Двете Агенции имаат континуирана соработка. Во 2022 година успешно го спроведоа твининг проектот „Поддршка во имплементација на модернизираната национална рамка за заштита на личните податоци“, кој доби позитивни оценки од сите засегнати страни.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе