
На 12 и 15 септември 2022 година, Агенцијата одржа два едукативни настани во ООУ „Лирија“ Тетово и ООУ „Димо Хаџи Димов“ Скопје на тема „Заштита на личните податоци при користење на интернет“ на македонски и албански јазик. Настаните беа организирани со поддршка на ЕУ Твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ и беа наменети за ученици од VIII одделение.
На работилниците претставници од Агенцијата говореа за безбедноста на личните податоци на интернет, за правото на приватност и ги запознаа учесниците со работата на Агенцијата. На настанот беше промовирано едукативното видео за „Онлајн насилство“ и информаторот објавен на веб страницата на Агенцијата на тема „Приватноста на децата и младите во светот на модерни технологии (интернет и социјални мрежи)“.
На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]
На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]