
По повод одбележувањето на Денот за побезбеден интернет, Агенцијата за заштита на личните податоци објави практични совети за побезбедно и поодговорно користење на интернетот и алатките базирани на вештачка интелигенција.
Советите се наменети за сите граѓани – деца, млади, возрасни и постари лица – и имаат за цел да ја подигнат свесноста за ризиците од онлајн измами, погрешни информации и несоодветно споделување лични податоци.
АЗЛП ги охрабрува граѓаните да бидат внимателни со кого и како споделуваат информации, да користат проверени дигитални услуги и да ја користат вештачката интелигенција свесно и информирано.
Со информираност и одговорни избори, заедно придонесуваме кон побезбедна дигитална средина за сите.
Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со ИМПЕТУС […]
На 22 јануари 2026 година, во просториите на Агенцијата беше […]
Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични […]


