
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р Елена Вељановска, учествуваше на 48. пленарна седница на Консултативниот комитет на Конвенцијата 108 (Конвенција за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци), која се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, од 17 до 19 јуни 2025 година.
На седницата се разгледуваа повеќе значајни прашања од областа на заштитата на личните податоци. Меѓу поважните точки на дневниот ред беа:
- разгледување на Нацрт насоки за главните принципи поврзани со членот 11 од модернизираната Конвенција 108+, кој се однесува на исклучоците и ограничувањата од примената на принципите за заштита на личните податоци,
- презентација на тема заштита на личните податоци во контекст на големи јазични модели (Large Language Models – LLMs), како и
- Нацрт насоки за заштита на личните податоци во контекст на невронауките.
Во рамките на седницата, на 18 јуни 2025 година, беше спроведено и гласање за избор на нов Комисионер за заштита на личните податоци на Советот на Европа.
Агенцијата за заштита на личните податоци е рамноправна членка со право на глас на Консултативниот комитет на Конвенцијата 108 (Т–PD) при Советот на Европа од јули 2006 година, и континуирано учествува на редовните пленарни седници на овој комитет.
Република Северна Македонија, како активен член на Советот на Европа, е потписничка на Конвенцијата 108 и нејзината модернизирана верзија (108+), што ја потврдува нашата силна посветеност на унапредувањето и почитувањето на правото на приватност и заштитата на личните податоци, во согласност со европските и меѓународните стандарди.
Во период од 6 до 9 мај 2025 година, заменик […]
На 30.04.2025 година, заменик директорот Елена Вељановска од Агенцијата за […]