Published On: ноември 26, 2025Categories: Вести, Новости

Од 18 до 19 ноември 2025 година, во Приштина се одржа Европската работилница за решавање на случаи (European Case Handling Workshop – ECHW 2025), организирана од Агенцијата за информации и приватност на Република Косово.

Европската работилница за решавање на случаи претставува регионален и европски настан за размена на искуства меѓу надзорните органи за заштита на личните податоци. Секоја година, на овој меѓународен форум се споделуваат најдобри искуства и пристапи во постапувањето по барање од областа на приватноста и заштитата на личните податоци, со цел унапредување на практиките, ускладување на постапките помеѓу надзорните тела и зајакнување на регионалната и европската прекугранична соработка.

Овогодишната работилница опфати повеќе теми:

  • паметни камери и биометрија во јавни простори: пропорционалност и заштита на приватноста;
  • deepfake и содржина генерирана од вештачка интелигенција: предизвик за заштитата на личните податоци;
  • прибирање податоци („data scraping“) и користење на јавно достапни податоци од интернет;
  • обработка на здравствени податоци во ерата на дигитализација: граница помеѓу иновацијата и заштитата на личните податоци;
  • податоци за деца на дигитални платформи и во онлајн игри.

Македонската делегација, составена од претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци, зеде активно учество на работилницата и се претстави со презентација на тема: „Обработка на здравствени податоци во ерата на дигитализација“. Во рамки на презентацијата беа споделени националните искуства, предизвиците и можностите во обработката на здравствени податоци во дигитализирани системи, како и пристапите во унапредување на заштитата на приватноста во здравствениот сектор.

   

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 12.10.2025 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Заменик директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци на […]

    Прочитај повеќе
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе