Published On: јули 1, 2022Categories: Вести

На 28 и 29 јуни 2022 година, претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на Регионалната конференција за заштита на личните податоци  во Приштина, организирана од страна на Агенцијата за информации и приватност на Република Косово.

На регионалната конференција присуствуваа претставници на надлежните органи за заштита на личните податоци од Косово, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

Целта на оваа конференцијата беше размена на најдобри практики и искуства во областа на заштитата на личните податоци, откривање на заедничките предизвици на ова поле, како и продлабочување на меѓуинституционалната соработка. На конференцијата се дискутираше за одговорностите, правата и предизвиците поврзани со заштитата на личните податоци во безбедносниот, здравствениот, телекомуникацискиот и образовниот сектор.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе
  • На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе