
На 28 и 29 јуни 2022 година, претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на Регионалната конференција за заштита на личните податоци во Приштина, организирана од страна на Агенцијата за информации и приватност на Република Косово.
На регионалната конференција присуствуваа претставници на надлежните органи за заштита на личните податоци од Косово, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.
Целта на оваа конференцијата беше размена на најдобри практики и искуства во областа на заштитата на личните податоци, откривање на заедничките предизвици на ова поле, како и продлабочување на меѓуинституционалната соработка. На конференцијата се дискутираше за одговорностите, правата и предизвиците поврзани со заштитата на личните податоци во безбедносниот, здравствениот, телекомуникацискиот и образовниот сектор.
Во периодот од 17-19 Мај, 2026 година, Агенцијата го организираше […]
Во периодот од 04 до 09 мај 2026 година, директорот […]


