Published On: февруари 28, 2022Categories: Вести

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ Твининг Проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, во периодот од март до септември 2022 година ќе организира бесплатни онлајн обуки за заштита на личните податоци наменета за контролорите од јавниот и приватниот сектор. Секоја од обуките ќе трае по два дена и ќе бидат составени од општ и посебен модул. Предавачи на обуките ќе бидат експерти од Хрватска и Германија кои ќе го споделат европското искуство при имплементација на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).

Доколку сте заинтересирани да учествувате на некои од обуките својот интерес може да го изразите со пополнување на формуларот достапен на следниот линк.

Пополнетиот формулар испратете го на proekt.obuki@privacy.mk  За темите и времето на одржување на обуките ќе бидете известени по е-маил.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе
  • На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе