
На 23.12.2021 година Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Имер Алиу и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, застапувана од извршниот директор Бардил Јашари потпишаа Меморандум за соработка.
Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за зајакнување на соработката на двете страни во областа на обезбедување на информации и едукација во однос на правата на заштита на личните податоци на граѓаните на Република Северна Македонија. Во таа насока, Агенцијата и Фондацијата ќе соработуваат и делуваат со цел реализирање на заеднички активности кои ќе придонесат за подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци.
Во пресрет на Европскиот ден за заштита на личните податоци […]
Агенцијата и оваа година го одбележува „28 јануари–Европскиот ден за […]