Published On: јануари 28, 2022Categories: Вести

Денеска (28.01.2022) се одбележа 16-тото издание на „Денот на заштитата на личните податоци“, чија цел е подигање на свеста за правото на заштита на личните податоците.

Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со партнерите од твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ организираше онлајн дебата на која се осврнаа на предизвиците при имплементација на Законот за заштита на личните податоци. Беше споделено и хрватското искуство и практики при имплементација на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).

„Офицерите за заштита на личните податоци се продолжена рака на Агенцијата“ истакна директорот на Агенцијата Имер Алиу и порача дека тие треба „да бидат активни секој во својата организација, институција, компанија, да работат на унапредување на знаењето на вработените и да се грижат за личните податоци на своите клиенти, пациенти, вработени, ученици, студенти, соработници.  Само заедно може да го спроведеме законот во пракса.“

На денешниот настан беа претставени поголем број водичи, обрасци и информативни материјали што ќе им помогнат на контролорите полесно да го усогласат своето работење со Законот за заштита на личните податоци, а со тоа да обезбедат поголема заштита на личните податоци на граѓаните. Беше промовиран и видео спот подготвен од проектот наменет за контролорите, а особено за малите и средните бизниси.

28 јануари се слави секоја година, почнувајќи од 2006 година кога Комитетот на министри на Советот на Европа го промовираше како „Ден на заштитата на личните податоци“. Денот на заштита на податоците се слави глобално и надвор од Европа е познат како „Ден на приватноста“.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]

    Прочитај повеќе
  • На 29.03.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • На 02 март 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]

    Прочитај повеќе