
На 19 ти мај 2022 година, претставник од Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваше на меѓународната конференција за отворени податоци „Податоците и културата на отвореност“ на Фондацијата Метаморфозис, која што се одржа во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Конференцијата се одржуваше од 18-20 мај во Скопје и беше составена од панел сесии, тркалезни маси и обуки во која учествуваа претставници на државни институции и општини, практичари во полето на отворени податоци, медиуми, корисничката заедница како и бизнис претставници и експерти за податоци од Северна Македонија, Западен Балкан и светот и ги споделија своите мислења, идеи, искуства и предизвици во врска со спроведувањето на активности за споделување на податоци.
На конференцијата претставничката на Агенцијата говореше за правото на приватност наспроти слободата на изразување и информирање и за потребата од рамнотежа помеѓу овие две права.
Цел на конференцијата беше да ја обедини заедницата за отворени податоци за да споделува, учи, планира и соработува за иднината на отворените податоци, со посебен акцент на актуелната ситуација во нашата земја и регионот на Западен Балкан.
Агенцијата за заштита на личните податоци изрече три глоби во […]
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]