
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 27 и 28 јули 2022 година ја организираше десеттата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Законска обработка на матичниот број на граѓанинот и користење за специфични цели“.
На првиот ден од обуката беа појаснети новините од ЗЗЛП дефиниции, начела за заштита на личните податоци, мерки за заштита на личните податоци, права на субјектот на личните податоци, останати обврски на контролорите и обработувачите.
На вториот ден од обуката беа опфатени законскиот основ за обработка на матичниот број на граѓанинот, бројот за идентификација во ЕУ и пошироко, ЕМБГ во РС Македонија, судска пракса во Европскиот суд за човекови права и Европски суд на правдата, обврски на контролорите и законодавецот.
Агенцијата апелира до сите институции да посветат поголемо внимание на […]
На 19 јули 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]