
На 3 ноември 2026 година, во Скопје, директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Накил Фетаи, и директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци и слободен пристап до информации на Република Црна Гора, Маја Жуњиќ Митровиќ, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за продлабочување на меѓуинституционалната соработка во областа на заштитата на личните податоци.
Со потпишувањето на Меморандумот, двете институции ја потврдуваат својата определба за развој на партнерски односи, размена на знаења и искуства и зајакнување на институционалните капацитети, во насока на поефикасно остварување на нивните надлежности и доследна заштита на основните права и слободи на физичките лица, особено правото на заштита на личните податоци.
Меморандумот предвидува активности за размена на стручни знаења, искуства и добри практики, организирање заеднички работни состаноци, споделување препораки и одлуки, како и размена на информации и искуства во врска со практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската Унија.
Со овој Меморандум се поставува основа за долгорочна и континуирана институционална соработка, која ќе придонесе кон јакнење на регионалното партнерство и усогласено постапување во примената на европските и меѓународните стандарди за заштита на личните податоци.
Од 4 до 6 ноември 2026 година, во хотел „Арка“ […]
Во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година, во […]
На 19 и 21 октомври во Агенцијата за заштита на […]


