Published On: октомври 7, 2026Categories: Вести, Новости

Според Законот за заштита на личните податоци, еден од клучните аспекти на работата на Агенцијата е подигнувањето на свеста и едукацијата на јавноста за значењето и практичната примена на прописите за заштита на личните податоци. Во таа насока, денес, на 7 октомври 2026 година, во просториите на Агенцијата беше одржана обука посветена на заштитата на личните податоци.

Обуката беше наменета за претставници од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), кои активно разменуваа искуства, прашања и идеи. Целта на обуката беше да се разјаснат законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – како за контролорите, така и за обработувачите.

За време на обуката беа презентирани обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, правата и обврските на контролорите, мерките за безбедност на обработката на личните податоци, а воедно беа дадени и препораки и насоки како да се заштитат личните податоци и како да се дизајнираат соодветни мерки за заштита.

Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Агенцијата за заштита на личните податоци објавува повик за пријава […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци ја информира јавноста дека […]

    Прочитај повеќе