
Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични податоци во контекст на европските регулативи“ беше одржана на 20 јануари 2026 година, наменета за вработените во Агенцијата за заштита на личните податоци.
Фокусот на обуката беше ставен на Законот за вештачка интелигенција на Европската Унија, Рамковната конвенција на Советот на Европа од 2024 година за вештачка интелигенција и човекови права, како и на улогата на домашните институции во обезбедувањето заштита на личните податоци и почитувањето на човековите права во дигиталната доба.
Целта на обуката беше зајакнување на капацитетите на Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија за следење и примена на развојот на регулативите поврзани со вештачката интелигенција и заштитата на личните податоци, во согласност со европските регулативи.
Обуката беше организирана во рамките на проектот „Заштита на слободата на изразување и на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ на Советот на Европа, преку заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа.
Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]


