
Заменик директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, г-ѓа Елена Вељановска, заедно со претставници од Агенцијата, на 30 октомври 2025 година во Белград учествуваше на состанокот на надзорните органи за заштита на личните податоци од Република Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора во просториите на Повереникот за информации од јавен карактер и заштита на личните податоци на Република Србија
На состанокот се разгледуваа начините за унапредување на меѓусебната соработка и заедничко постапување во однос на обработката на личните податоци од страна на платформите на социјални мрежи како што се META и X, а со цел обезбедување на правата на граѓаните при користењето на услугите на социјалните мрежи за земјите од Западен Балкан.
Исто така, беа разгледани и можностите за координиран пристап кон овие платформи, како и за воспоставување поцврсти регионални механизми на соработка со цел зголемување на степенот на заштита на личните податоци на граѓаните од Западен Балкан.
На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]
На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]


