
На 16.10.2025 година во просториите на Агенцијата за заштита на личните податоци беше спроведена „Обука за заштита на личните податоци“, намената за учесници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Оваа обука е организирана согласно законските надлежности на Агенцијата и склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштитана личните податоци и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
За време на обуката беа презентирани обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, правата и обврските на контролорите, мерките за безбедност на обработката на личните податоци, а воедно беа дадени и препораки и насоки како да се заштитат личните податоци и како да се дизајнираат соодветни мерки за заштита.
Исто така, за време на обуката беа дадени јасни насоки за усогласување со прописите и беа опфатени повеќе клучни теми, како дефинирање на основните поими од областа на заштитата на личните податоци, начелата за заштита на личните податоци кои претставуваат темел на целиот систем, правата на субјектите на личните податоци и механизмите за нивно остварување, обврските на контролорите и обработувачите во текот на целиот циклус на обработка, правилата за пренос на лични податоци, вклучително и меѓународниот пренос и законските обврски при воспоставување на систем за вршење на видео надзор.
Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.
На 1 октомври 2025 година, делегација на Агенцијата за заштита […]
На 30.09.2025 година, АЗЛП организираше обука за „Безбедност на обработката […]
На 24 септември 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]