
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на 30-та Конференција на европските надзорни органи (Пролетна конференција) која се одржа од 19-20 мај 2022 во Цавтат, Република Хрватска.
Надзорните органи за заштита на личните податоци, членки на Конференцијата ја усвоија Резолуцијата за потребата од брза ратификација на „Конвенцијата 108+“. Резолуцијата ги повикува владите на земјите-членки на Советот на Европа, владите на трети земји и Европската унија да го забрзаат процесот на потпишување и ратификација на Конвенцијата 108+. Конвенцијата за заштита на поединци во однос на автоматска обработка на лични податоци, е единствениот правно обврзувачки мултилатерален договор на меѓународно ниво за заштита на личните податоци. Конвенцијата беше изменета во мај 2018 година преку изменет протокол кој треба да стапи во сила во 2023 година.
На конференцијата се усвои и Резолуција со која ќе се обезбеди понатамошна работата на Пролетната конференција, односно истата гарантира дека Конференцијата може да продолжи успешно да се организира за сите важни прашања од интерес на европските регулатори за заштита на личните податоци.
Конференцијата е можност за супервизорите од 40 европски земји да разговараат и да споделат искуства за проблемите со кои се соочуваат, најдобрите практики и стратегии за унапредување на областа на заштитата на личните податоци во Европа преку панели и предавања на најеминентни експерти од областа на заштитата на личните податоци.
На конференцијата, претставничката на Агенцијата за заштита на личните податоци ги сподели искуствата и добрите практики со колегите од другите Европски земји за имплементација на заеднички европски проекти чија цел е заемна помош и јакнење на соработката меѓу надзорните тела за заштита на личните податоци.
Пролетната конференција е затворена конференција за членовите и набљудувачите и се состои од 62 национални и регионални надзорни органи за заштита на личните податоци, Европската комисија, Европскиот парламент, Агенцијата за основни човекови права на Европската унија, Европол, Европравда и Советот на Европа.
На овогодинешната пролетна конференција, како набљудувачи беа примени Европскиот одбор за заштита на личните податоци и Европската вселенска агенција, а како членка Канцеларијата на комесарот за заштита на личните податоци на Долна Саксонија.
Повеќе информации за конференцијата може да најдете на https://springconference2022.hr.
На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]
На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]