
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 23 и 24 март 2022 година ја реализараше втората сесија на онлајн обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“, „Нарушување на безбедноста на личните податоци“ и „Видео надзор“.
На 28 и 29 март 2022 година ќе се организира третата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“, „Обработка на личните податоци во контекст на вработување“ и „Други посебни операции на обработка на личните податоци – претходно одобрение“. Предавач на обуките ќе биде хрватскиот експерт Марко Трошељ, која ќе ги сподели хрватското искуство и практики при спроведување на GDPR.
Повеќе информации се достапни на следниот линк.
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]