
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, на 28 и 29 март 2022 година ја реализираше третата сесија на онлајн обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“, „Обработка на личните податоци во контекст на вработување“ и „Други посебни операции на обработка на личните податоци – претходно одобрение“.
На 06 и 07 април 2022 година ќе се организира четвртата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци (Data Protection by Design & Default)“ и „Безбедност на личните податоци“. Предавач на обуките ќе биде хрватскиот експерт Марко Шијан, кој ќе ги сподели хрватското искуство и практики при спроведување на GDPR.
Повеќе информации се достапни на следниот линк.
На 01.11.2023 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Започна подготовка на новата Стратегија за заштита на личните податоци […]
На 31 август 2023 година, директорот на Агенцијата Имер Алиу […]