На 05.09.2025 заменик директорот Елена Вељановска од Агенцијата за заштита на личните податоци и министерот Стефан Андоновски од Министерството за дигитална трансформација потпишаа Меморандум за соработка, со што ја потврдија заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката меѓу двете институции.
Во насока на исполнувањето на целите на овој меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за заинтересираните претставници од Министерството за дигитална трансформација, ќе дава насоки за усогласување на документацијата со опис на техничките и организациските мерки за обезбедување на обработката на личните податоци која ќе требе да ја донесе Министерството за дигитална трансформација, да обезбеди помош при усогласување на прописите од областа која е во надлежност на Министерството со прописите за заштита на личните податоци,
Агенцијата ќе даде предлог за реализација на проекти кои се однесуваат на имплементација на легислативата, градењето на капацитети и подигнување на јавната свест за правото на заштита на личните податоци и др., а сѐ со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.
Во период од 8-10 септември во Птуј, Република Словенија, Агенцијата […]
Во рамките на ревизијата на успешност спроведена од Државниот завод […]
На 11 август 2025 година, во Куманово се одржа презентација […]