Published On: јануари 29, 2026Categories: Вести, Новости
Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро владеење, организираа настан во гимназијата „Никола Карев“ – Скопје, на кој беше промовирано видео материјал, создаден од учениците со цел да се зголеми свеста кај младите за важноста на заштитата на личните податоци и приватноста во секојдневниот живот.
Денот на заштитата на личните податоци се одбележува секоја година на 28 јануари за да се подигне свеста за важноста на заштитата на личните податоци. Тој се одбележува во чест на Конвенцијата 108, првиот правно обврзувачки меѓународен договор за заштита на личните податоци. На 28 јануари во 1981 година, во Стразбур, беше донесена Конвенцијата 108 на Советот на Европа за заштита на лицата во однос на автоматска обработка на лични податоци. Овој документ ги воспостави основните принципи кои понатаму се развиени и интегрирани во тековните регулативи, вклучувајќи ја и Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Токму поради ова, Советот на Европа во 2006 година одлучи 28 јануари да се одбележува како Ден за заштита на личните податоци.
На настанот во гимназијата „Никола Карев“ – Скопје, Агенцијата, ИМПЕТУС и Бирото за развој на образованието дискутираа со младите учесници на теми: правото на приватност, безбедноста на интернетот, правилното користење на социјалните мрежи и ги запознаваа со нивните права и обврски при споделување на личните податоци. Се разговараше како благодарение на паметните телефони, купувањата со картички во продавниците, споделувањето биометриски податоци со апликации за здравје и фитнес, па дури и објавувањето на социјалните медиуми, сè повеќе информации за нашите животи можат да се најдат на интернет. Иако оваа меѓусебна поврзаност ги проширува можностите, таа исто така нè изложува на значителни ризици, како што се кршење на безбедноста на податоците, кражба на идентитет и надзор.
Децата беа советувани кои чекори треба да се преземат за да ја заштитат нивната приватност, но и дека клучно е да се разбере кои податоци може да се споделуваат на интернет, кој ги користи, за какви цели и како може да се контролира и управува нивната употреба и дистрибуција.
Агенцијата им посакува среќен Европски ден за заштита на личните податоци на сите граѓани. Нека овој ден биде потсетник за важноста на нашата приватност и за нашата заедничка одговорност да ја заштитиме.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 22 јануари 2026 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе
  • Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]

    Прочитај повеќе