Published On: октомври 25, 2025Categories: Вести, Новости

На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше одржана обука посветена на заштитата на личните податоци.

На обуката учествуваа претставници на контролори од различни сектори, кои активно разменуваа искуства, прашања и идеи. Целта на обуката беше да се разјаснат законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти – како за контролорите, така и за обработувачите.

За време на обуката беа дадени јасни насоки за усогласување со прописите и беа опфатени повеќе клучни теми, меѓу кои :

  • дефинирање на основните поими од областа на заштитата на личните податоци;
  • начелата за заштита на личните податоци, кои претставуваат темел на целиот систем;
  • правата на субјектите на личните податоци и механизмите за нивно остварување;
  • обврските на контролорите и обработувачите во текот на целиот циклус на обработка;
  • правилата за пренос на лични податоци, вклучително и меѓународниот пренос;
  • законските обврски при воспоставување на систем за вршење на видео надзор.

Овие обуки се дел од континуираните напори на Агенцијата за зајакнување на капацитетите на сите засегнати страни и за обезбедување на повисоко ниво на заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

 

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе
  • На 22 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе