Published On: септември 22, 2022Categories: Вести

Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“  на 21 и 22 септември 2022 година ја организираше единаесеттата сесија на обуки за заштита на личните податоци на тема „Вовед во заштитата на личните податоци“ и „Сертификација и акредитација“.

На првиот ден од обуката беа појаснети новините од ЗЗЛП дефиниции, начела за заштита на личните податоци, мерки за заштита на личните податоци, права на субјектот на личните податоци, останати обврски на контролорите и обработувачите.

На вториот ден од обуката беа опфатени следиве содржини: терминологија, цел и придобивки од сертификацијата, стандард за сертификација, издавање на сертификат, критериуми за сертификација, валидност и повлекување на сертификатот, јавен регистар, правни ефекти од сертификацијата, акредитација на телата за сертификација, услови што треба да ги исполнат телата за сертификација и критериуми за акредитација.

Слични вести

Погледни ги сите
  • На 05.06.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]

    Прочитај повеќе
  • Надзорните органи за заштита на личните податоците на Северна Македонија, […]

    Прочитај повеќе
  • На покана на хрватската Агенцијата за заштита на личните податоци […]

    Прочитај повеќе