Published On: септември 11, 2025Categories: Вести, Новости

Во период од 8-10 септември во Птуј, Република Словенија, Агенцијата со свои претставници учествуваше на Седмиот состанок на „Иницијатива 20i7“ кој беше во организација на Повереникот за информации на Република Словенија. „Иницијативата 20i7“ е форум за соработка меѓу надзорните органи за заштита на личните податоци од регионот на поранешна Југославија, во согласност со Декларацијата за соработка на органите за заштита на личните податоци, која беше потпишана во 2017 година на првиот состанок на Иницијативата, на предлог на словенечкиот орган за заштита на личните податоци. Иницијативата е создадена во духот на поттикнување на квалитетна и континуирана соработка помеѓу надзорните тела за заштита на личните податоци од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија и Косово.

На годишниот состанок се дискутираше за актуелните прашања поврзани со заштитата на податоците во регионот. Надзорните органите ги споделија своите искуства и ставови за прашања како што се усогласувањето на националните закони со рамката на ЕУ за заштита на личните податоци и нивната модернизација, имплементацијата на стратегиите за заштита на личните податоци, идентификувањето на протекувањето на лични податоци преку користење на модерни платформи, интеракцијата помеѓу заштитата на личните податоци и вештачката интелигенција, биометриските идентификациски камери на јавни места и предизвиците со кои се соочуваат органите за заштита на личните податоци кога се справуваат со новите технологии со ограничени ресурси.

Агенцијата за заштита на личните податоци ja презентираше Стратегијата за спроведување на правото на заштита на лични податоци во Република Северна Македонија 2025–2030, при што ги истакна главните цели, приоритетите и мерките за унапредување на заштитата на личните податоци и обезбедување соодветна примена на законската рамка во согласност со најдобрите практики и стандардите на ЕУ.

Одговорните ја нагласија важноста на соработката што поттикнува размена на најдобри практики и искуства и овозможува синергии во областа на заштитата на личните податоци. Интензивната соработка е од уште поголемо значење во време на брз технолошки развој, како што е вештачката интелигенција, каде што заштитата на човековите права може сериозно да биде поткопана доколку не се обезбеди соодветен одговор од регулаторите. Со цел да се обезбеди соодветен одговор на новите технолошки случувања, членовите на Иницијативата 20i7 ја истакнаа важноста на соодветно екипирани, политички, финансиски и де факто независни органи за заштита на личните податоци. Секој политички или друг притисок што ја поткопува нивната независност треба да се смета за неприфатлив бидејќи го загрозува владеењето на правото и заштитата на основните права.

Следниот состанок на „Иницијатива 20i7“ ќе се одржи во Северна Македонија во втората половина на мај 2026 година, во организација на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Заедничка изјава

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе
  • На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе