Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци Имер Алиу, оствари средба со комесарката на Агенцијата за информации и приватност Кренаре Согојева Дермаку, со цел конкретизирање на соработката во областа на заштитата на личните податоци меѓу двете тела, со посебен акцент на размената на искуствата при спроведувањето на супервизиите.
На средбата, директорот Имер Алиу изрази подготвеност за натамошно продлабочување на соработката преку активности кои ќе придонесат за развој и градење на капацитетите на двете институции за најдобрите практики за имплементација на европските стандарди за заштита на личните податоци.
Исто така, комесарката Согојева Дермаку на средбата истакна дека заштитата на личните податоци на граѓаните е приоритет на Агенцијата за информации и приватност и дека размената на искуствата помеѓу двете тела е важна за да им се обезбеди на граѓаните, нивното уставно загарантираното право на заштитата на личните податоци.
Средбата се одржа во рамките на Меморандумот за соработка потпишан во јуни годинава и продолжи со организација на дводневна работилница за размена на најдобрите практики за спроведување на проценка на влијанието за заштита на личните податоци од страна на контролорите, како и искуства при вршење на супервизии во областа на телекомуникациите и здравството.
Во периодот од 02-04 октомври 2024 година, Агенцијата за заштита […]
Агенцијата за заштита на личните податоци ги известува сите заинтересирани […]
На 25.09.2024 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]