Published On: септември 10, 2025Categories: Вести, Новости

Во рамките на ревизијата на успешност спроведена од Државниот завод за ревизија на тема „Можности за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор“, Агенцијата за заштита на личните податоци активно учествуваше со стручни мислења и насоки од областа на заштитата на личните податоци. Ревизијата утврди дека во периодот од 2018 до 2023 година преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансирани 48 проекти со елементи на ВИ во вкупна вредност од над 6 милиони евра, но ниту еден од нив не е успешно имплементиран во јавниот сектор, поради недостаток од транспарентност, слаб публицитет и отсуство на системски пристап.

Агенцијата истакна клучни аспекти кои треба да бидат вметнати во имплементацијата на проекти со ВИ, вклучувајќи формална проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (ПВЗЛП), примена на технички и организациски мерки за заштита, како и воспоставување отчетни механизми и транспарентност во функционирањето на проектите. Овие констатации посочуваат дека без соодветна национална стратегија, законска рамка и етички стандарди, имплементацијата на ВИ во јавниот сектор останува ризична и несигурна за правата на граѓаните.

Целиот извештај од Државниот завод за ревизија, под наслов „ Конечен извештај за извршена ревизија на успешност  на тема можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор “, е достапен на следниот линк.

 

Слични вести

Погледни ги сите
  • Во врска со сè почестите барања од граѓаните за отстранување […]

    Прочитај повеќе
  • На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]

    Прочитај повеќе
  • На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]

    Прочитај повеќе