
На 19 декември 2024 година, Агенцијата одржа предавање на тема „Заштита на личните податоци при користење на интернет“ за средношколки од Зимската школа за сајбер безбедност.
Младите слушателки имаа можност да се запознаат со работата на Агенцијата во врска со заштитата на личните податоци, им беа предложени совети за заштита на приватноста и идентитетот на интернет и им беа претставени мерки за безбедност при користење на социјалните мрежи. На предавањата беа споделени и информатори со совети: „Приватноста на децата и младите во светот на модерни технологии (Интернет и социјални мрежи)“, со цел да се едуцираат младите за важноста и почитувањето на приватноста како целна група која секојдневно ги консумира придобивките на дигитализацијата.
Оваа активност е дел од иницијатива „Сајбер патеки за жени“ во рамки на Програмата на УСАИД за критична инфраструктура, отпорност и дигитализација (CIDR). Целта на оваа школа е младите учеснички да ги посетат институциите, приватните компании, јавните установи, високообразовните институции и организациите кои работат во областа на сајбер безбедноста и да учествуваат на предавања и симулации на сајбер напади, предводени од искусни експерти.
Еднодневна обука на тема „Вештачка интелигенција и заштита на лични […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци донесе: Програма […]
На 16.12.2025 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше […]


