Published On: октомври 2, 2025Categories: Вести, Новости

На 1 октомври 2025 година, делегација на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, предводена од заменик-директорката г-ѓа Елена Велјаноска, оствари билатерална средба во Приштина, каде што беше пречекана од Комесарот за информации и приватност на Република Косово, г-ѓа Кренаре Согојева-Дермаку.

Средбата се одржа во рамки на меѓуинституционалната соработка и беше насочена кон размена на искуства, унапредување на заедничките стандарди и зајакнување на регионалната соработка во областа на заштитата на личните податоци.

Во тој контекст, претставниците на Агенцијата за информации и приватност на Република Косово ја презентирана „Платформата за идентификација на протекување на лични податоци, која претставува инструмент за подобрување на надзорните механизми и поефикасна заштита на личните податоци на граѓаните.

Оваа средба претставува значаен чекор кон продлабочување на соработката меѓу двата надзорни органи и изградба на одржливи практики во областа на заштитата на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе