Published On: октомври 7, 2026Categories: Вести, Новости

Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци и двајца претставници на Агенцијата учествуваа на 24. состанок на надзорните органи за заштита на личните податоци од Централна и Источна Европа (CEEDPA), кој се одржа на 25 и 26 септември 2026 година во Задар, Република Хрватска. Настанот беше организиран од страна на Хрватската агенција за заштита на личните податоци, а состанокот претставува важен форум за регионална соработка и размена на искуства и добри практики меѓу надзорните органи од регионот.

На состанокот учествуваа претставници на надзорни органи од повеќе европски земји, како и претставници на Европскиот одбор за заштита на податоците (EDPB), Европскиот супервизор за заштита на податоците (EDPS) и Советот на Европа.

Во фокусот на работните сесии беа актуелни прашања поврзани со заштитата на личните податоци и основните права, вештачката интелигенција, процената на влијанието врз заштитата на личните податоци, како и обработката и заштитата на здравствените податоци.

Во рамките на состанокот, претставниците на надзорните органи имаа можност да ги споделат актуелните прашања со кои се соочуваат во својата работа и во спроведувањето на прописите за заштита на личните податоци. Претставниците на македонската Агенција ги споделија сопствените искуства и актуелните приоритети, вклучително и потребата од измени на Законот за заштита на личните податоци и транспонирање на Директивата за спроведување на законот, како и прашањата поврзани со примената на вештачката интелигенција во контекст на заштитата на податоците.

На состанокот беше усвоена и Задарската декларација, со која се потврдува заложбата за понатамошно зајакнување на регионалната соработка и размена на искуства во областа на заштитата на личните податоци, особено во однос на новите технологии, вештачката интелигенција и обработката на здравствени податоци.

Учеството на Агенцијата на состанокот придонесува кон понатамошно унапредување на соработката со надзорните органи од регионот и размена на искуства за актуелните прашања и практики во оваа област.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, заедно со […]

    Прочитај повеќе
  • Според Законот за заштита на личните податоци, еден од клучните […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци објавува повик за пријава […]

    Прочитај повеќе