
На 11 август 2025 година, во Куманово се одржа презентација на Стратегијата за спроведување на правото за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија за периодот 2025–2030, организирана од Општина Куманово во соработка со Агенцијата за заштита на личните податоци. Презентацијата беше наменета за градоначалниците, секретарите и офицерите за заштита на лични податоци од сите шест општини од Североисточниот плански регион (Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане), како и за офицерите за заштита на личните податоци и администраторите на информатички системи од тие општини, како и од СВР Куманово.
Настанот беше свечено отворен од заменик-директорот на Агенцијата, Елена Вељановска, а потоа на присутните им беше презентирана целата Стратегија – нејзините цели, пристапите за реализација, како и начинот на следење и евалуација на спроведените активности. За продолжение, предвидено е во текот на 2025 година да се организира запознавање со Стратегијата и за останатите вработени од секоја од шесте општини. Овој вид активности се во рамките на третата стратешка цел од Стратегијата: Континуирано зголемување на културата на заштита на личните податоци.
На 27 октомври 2025 година, претставници од Агенцијата за заштита […]
На 24 октомври 2025 година, во просториите на Агенцијата беше […]


