Платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните е веб апликација која им овозможува на граѓаните и контролорите да поднесуваат до Агенцијата за заштита на личните податоци барања и документи во електронска форма. На овој начин се избегнува размената на хартиена документација и се скратува времето за достава на бараните документи и информации од страна на граѓаните и контролорите.

На платформата секој контролор и граѓанин може доброволно да креира сопствен профил за користење на он-лајн услугите на Агенцијата за заштита на личните податоци. Начинот на регистрација е објаснет во видео материјалот на следниов линк.

Регистрацијата на оваа платформа е бесплатна. На профилот, регистрираниот корисник има пристап до своите барања како и преглед на постапките кои за него се водат во Агенцијата за заштита на личните податоци. Доколку Агенцијата за заштита на личните податоци има потреба од дополнителни барања во текот на постапката ќе биде пратено известување на профилот на корисникот и потсетник на е-маилот кој бил користен при регистрацијата.

За барањата за кои е предвидено да се води управна постапка како што се: Барање за добивање на одобрение за обработка на матичен број на субјектот на лични податоци, Барање за добивање на одобрение за обработка на податоци во врска со расното или етничко потекло на субјектот на лични податоци, Барање за добивање на одобрение за обработка на генетски податоци, Барање за добивање на одобрение за обработка на биометриски податоци, потребни за потврда на идентитетот на субјектот на лични податоци, Барање за добивање на одобрение за пренос на лични податоци предвидено е потпишување со дигитален потпис. Покрај за овие дигитален потпис е потребно и за Барањето за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци и за Известување за нарушување на безбедноста на личните податоци што операторот го доставува до АЕК и Дирекцијата за заштита на личните податоци. За останатите барања и услуги како што се: Иницијатива за вршење на инспекциски надзор, Основната листа за проверка на обработката на личните податоци, Барањето за бришење на лажен профил на социјалните мрежи и Барањето мислење, не е потребно потпишување со дигитален потпис.

Доколку сакате други барања и услуги да бидат достапни на платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните, вашите предлози може да ги испраќате на eprijava@privacy.mk.

Повеќе информации за платформата можете да најдете на следниот линк.

Доколку имате каков било проблем при поврзување и користење на платформата за размена на информации со контролорите и граѓаните обратете се на eprijava@privacy.mk.