Ти честитам, ова е точниот одговор!

Одговор:

Според Дирекцијата за заштита на личните податоци пристапот до веб страните, форумите или групите за дискусии, треба да е слободен, без обврска да се идентификуваш, или ако е веќе потребно да се најавиш тоа да биде со псевдоним (nick name).

Кога бараат од тебе да се идентификуваш, секогаш треба да има опција кои од прашањата се задолжителни, а кои не се и за која цел ќе бидат употребени. Веб страниците не можат да бараат податоци од малолетни лица без согласност на нивните родители. Никогаш не ја давај лозинката, користи ја само за да се поврзеш на Интернет.