Published On: октомври 26, 2021Categories: Вести

На 26.10.2021 Агенцијата за заштита на личните податоци, претставувана и застапувана од директорот Imer Aliu и Министерството за економија, застапувано од министерот Kreshnik Bekteshi потпишаа Меморандум за соработка.

Овој Меморандум е потпишан потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката на двете страни.

Во насока на исполнувањето на целите на овој Меморандум, Агенцијата за заштита на личните податоци ќе спроведе обуки за заштита на личните податоци за претставници на Министерството за економија, а се со цел целосно и правилно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.

Слични вести

Погледни ги сите
  • Заменик директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци м-р […]

    Прочитај повеќе
  • Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, г. Накил […]

    Прочитај повеќе
  • Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија […]

    Прочитај повеќе