
Во период од 2 до 4 декември 2025 година, во Брисел се одржа „Третата средба за размена и унапредување на знаењата во заштитата на личните податоци“, организирана од Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), СИГМА програмата, Регионалниот совет за соработка (RCC) и ГИЗ Грузија, со поддршка на институциите на Европската унија.
Претставници на АЗЛП учествуваа на настанот и имаа можност да споделат искуства поврзани со методологијата за хармонизација на секторската легислатива, како и информации за тековните активности на АЗЛП во областа на заштита на податоците. Во рамки на дискусиите беа претставени и предлози за понатамошна соработка, со цел јакнење на капацитетите на АЗЛП, особено во контекст на усогласување со европските стандарди и предизвиците кои произлегуваат од дигиталната трансформација.
Овој настан претставува важна можност за континуирано унапредување на институционалните практики, проширување на регионалната соработка и ускладување со најдобрите европски стандарди во заштитата на лични податоци.
На 12.10.2025 година Агенцијата за заштита на личните податоци преку […]
Заменик директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци на […]


