
Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија учествуваше на четвртиот регионален состанок на независните надзорни органи за заштита на личните податоци од земјите на Западен Балкан, кој се одржа на 25 февруари 2026 година во Сараево, Босна и Херцеговина, во рамки на иницијативата Privacy4Balkans.
Од Република Северна Македонија на состанокот присуствуваа директорот на Агенцијата Накил Фетаи, заменик-директорката Елена Вељановска и државниот советник Валентин Фетаџокоски, кои активно учествуваа во работните сесии, дискусиите и размената на искуства со колегите од регионот.
На состанокот учествуваа и претставници од Република Србија и Црна Гора, а домаќин беше Агенцијата за заштита на личните податоци на Босна и Херцеговина.
Главен повод за одржување на редовните средби меѓу надзорните органи се измените во политиките за приватност на компанијата Meta Platforms и платформата X во врска со користењето на личните податоци за развој на вештачка интелигенција, без соодветно и навремено информирање на корисниците во земјите од регионот кои не се членки на Европска Унија.
Со цел унапредување на заштитата на правата на граѓаните, претставниците на институциите се согласија да настапуваат заеднички и координирано кон овие компании, преку размена на информации и усогласување на активностите што се преземаат во вакви случаи. Дополнително беше нагласена потребата од понатамошно зајакнување на регионалната соработка во примената на европските стандарди за заштита на личните податоци, особено во контекст на сè поголемата употреба на современите дигитални технологии и вештачката интелигенција.
Посебно внимание беше посветено на влијанието што овие технологии го имаат врз приватноста, навиките и секојдневниот живот на граѓаните, при што беше истакната важноста од заеднички и усогласен пристап во заштитата на основните човекови права.
На 25.2.2026 година, Агенцијата за заштита на личните податоци организираше […]
По повод одбележувањето на Денот за побезбеден интернет, Агенцијата за […]
Агенцијата за заштита на личните податоци во соработка со ИМПЕТУС […]


