На 19 и 21 октомври во Агенцијата за заштита на личните податоци се одржаа две обуки за вработените во Оперативно-техничката агенција, посветени на безбедноста при обработката на личните податоци.
На обуките беа презентирани предметот и примената на Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци, како и целите на заштитата. Преку кратко сценарио беше прикажана процената на ризик, а беа претставени и примери на закани и соодветни мерки за заштита.
Вработените имаа можност да постават прашања и да ги споделат дилемите поврзани со спроведувањето на Законот за заштита на личните податоци.
На 20 октомври 2026 година, Агенцијата во своите простории одржа […]
Според Законот за заштита на личните податоци, еден од клучните […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци и двајца […]


