
На 20 октомври 2026 година, Агенцијата во своите простории одржа обука за заштита на личните податоци. Обуката е дел од континуираните активности за зајакнување на капацитетите на засегнатите страни и унапредување на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.
На обуката учествуваа претставници на различни контролори, кои споделија искуства и предизвици со кои се соочуваат во практиката. Целта беше да се разјаснат законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) и подзаконските акти, како за контролорите, така и за обработувачите.
Беа презентирани обврските на контролорите согласно ЗЗЛП, со посебен осврт на безбедноста на обработката на личните податоци. Учесниците добија практични насоки и препораки за исполнување на овие обврски и за обезбедување соодветна заштита на личните податоци.
На 19 и 21 октомври во Агенцијата за заштита на […]
Според Законот за заштита на личните податоци, еден од клучните […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци и двајца […]


