За да обезбедите ниво на безбедност што е соодветно на ризикот и да спречите сценарио со нарушување на безбедноста на личните податоци, треба да примените соодветни мерки за безбедност.

Агенцијата за заштита на личните податоци препорачува мерки како што се: безбедно чување на документи во хартиена копија кои содржат лични податоци, на пример, во шкафчиња со брава за заклучување; давање пристап до личните податоци кои се чуваат во електронска форма само на овластени лица; совети за вработените за да користат комплексни лозинки, редовно правење сигурносни копии на електронските евиденции; псевдонимизијата или криптирање на личните податоци, особено во случај на посебни категории на лични податоци.

Освен тоа, важно е одредени прашања да ги регулирате со подзаконски акти и интерни процедури, и на крај, но не помалку важно, да работите на зголемување на свеста во рамките на вашата организација бидејќи голем процент од нарушувањата на безбедноста на личните податоци се случуваат поради човечки грешки.

Пример:

Во однос на безбедноста на личните податоци, контролорот треба да преземе одговорност за изработка и спроведување на политики и постапки за безбедност, како и обука на вработените. Исто така, контролорот треба да провери дали се преземени безбедносни мерки и треба да направи истражување во случај на нарушување на безбедноста.