1.Вкупен број на претставки кои се однесуваат на лажни профили во 2022, 2021, 2020 (за секоја година одделно)? 2. Вкупен број на претставки кои се однесуваат на пробиени (хакирани) профили во 2022, 2021, 2020 (за секоја година одделно)? 3. Вкупен број на претставки кои се однесуваат на неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални мрежи во периодот од 2019-2023 (за секоја година одделно)? 4. Вкупен број на претставки од женски лица кои се однесуваат на социјални мрежи во 2023, 2022, 2021, 2020, 2019 (за секоја година одделно)? 5. Причини за поднесувањето на претставки за повреда на правото на заштита на личните податоци на деца на социјални мрежи во периодот од 2019-2023 година?
Одговор:
Во однос на овие прашања, Агенцијата ги објавува статистиките во своите Годишни извештаи кои, исто така, се објавуваат и на нашата веб-страница линк
1.Вкупен број на претставки кои се однесуваат на лажни профили во 2022, 2021, 2020 (за секоја година одделно)?
2020 – 116 претставки; 2021 -127 претставки; 2022 – 91 претставка.
2.Вкупен број на претставки кои се однесуваат на пробиени (хакирани) профили во 2022, 2021, 2020 (за секоја година одделно)?
2020 – 73 претставки; 2021 – 49 претставки; 2022 – 98 претставки.
3.Вкупен број на претставки кои се однесуваат на неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални мрежи во периодот од 2019-2023 (за секоја година одделно)?
2019 – 17 претставки; 2020 – 29 претставки; 2021 – 30 претставки; 2022 – 22 претставки, 2023 – 18 претставки.
4.Вкупен број на претставки од женски лица кои се однесуваат на социјални мрежи во 2023, 2022, 2021, 2020, 2019 (за секоја година одделно)?
Агенцијата не води таква статистика.
5.Причини за поднесувањето на претставки за повреда на правото на заштита на личните податоци на деца на социјални мрежи во периодот од 2019-2023 година?
Причините за поднесување на претставки за повреда на правото на заштита на личните податоци на деца на социјални мрежи се однесуваат на креирање на лажни профили, претставки за пробиени (хакирани) профили, неовластено објавување на фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјалните мрежи итн.
1. Колку претставки за незаконито вршење на видео надзор се добиени за период од 01.01.2020 до 30.09.2024 година? 2. Колку супервизии се извршени од ваша страна во однос на видео надзор за овој период? 3. Колку од нив се редовни, колку се вонредни и колку се контролни? 4. Во кои сектори е извршена супервизијата по однос на видео надзорот? 5. Колку барања за мислења од страна на станари на објекти за домување се доставени до вас од 01.01.2020 до 30.09.2024 година?
Одговор:
– По однос на прашање бр. 1: Колку претставки за незаконито вршење на видео надзор се добиени за период од 01.01.2020 до 30.09.2024 година?
Одговор: Во Секторот за правни и општи работи примени се вкупно 104.
СТАТИСТИКА СУПЕРВИЗИЈА 2020-2024 (ВИДЕОНАДЗОР)
Прашање | Заклучно со 30.09.2024 | 2023 | 2022 | 2021 | 2020 |
Колку претставки за незаконито вршење на видео надзор се добиени за период од 01.01.2020 до 30.09.2024 година? | 24 | 24 | 24 | 41 | 42 |
Колку супервизии се извршени од ваша страна во однос на видео надзор за овој период? | 214 | 168 | 27 | 41 | 44 |
Колку од нив се редовни, колку се вонредни и колку се контролни? | Редовни /
Вонредни-198 Контролни-16 |
Редовни /
Вонредни-157 Контролни / |
Редовни-2
Вонредни-24 Контролни / |
Редовни /
Вонредни-41 Контролни / |
Редовни-2
Вонредни-42 Контролни / |
Во кои сектори е извршена супервизијата по однос на видео надзорот? | Јавен-8
Приватен-199 Физички лица-6 |
Јавен-2
Приватен-157 Физички лица-9 |
Јавен-3
Приватен-16 Физички лица-8 |
Јавен-2
Приватен-17 Физички лица-22 |
Јавен-4
Приватен-15 Физички лица-25 |
– По однос на прашање бр. 6: Колку барања за мислења од страна на станари на објекти за домување се доставени до вас од 01.01.2020 до 30.09.2024 година?
Одговор: Во Секорот за правни и општи работи примени се вкупно 41.
1 – 4 Информации за вработените лица во Агенцијата за заштита на личните податоци. 5. Информации за директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци. 6. Во последните пет години колку вкупно како Агенција за заштита на лични податоци согласно член 107, став 1 од Законот за заштита на лични податоци имате спроведено супервизија по поднесоци од оштетени субјекти, колку од нив сте отфрлиле а колку сте условоиле и врз основа на истите какви се неправилности сте утврделе и какви мерки и казни сте изрекле и колку постапки имате поведени пред надлежен суд против прекршителите?
Барам податок дали од страна на Агенцијата е донесен акт со кој на вработен во истата, кој имал непрекинат работен стаж во Агенцијата во траење од повеќе од 10 години односно 11, 12 и сл. и на истиот му е исплатена јубилејна награда согласно одредбите од општиот колективе договор за јавниот сектор.