Во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенцијата за заштита на личните податоци обезбедува транспарентност во своето работење преку објавување на информации кои се од јавен интерес.
Целта на оваа листа е да им овозможи на граѓаните, медиумите и другите заинтересирани страни полесен пристап до податоци, документи и активности што произлегуваат од надлежностите на Агенцијата.
Информации од јавен карактер:
-
Организација на Агенцијата (органограм);
-
Пречистени текстови на закони и подзаконски акти што ја регулираат областа на заштита на личните податоци (интерни пречистени текстови);
-
Билатерални и мултилатерални договори и документи;
-
Стратешки документи, анализи и програми на Агенцијата;
-
Одлуки донесени во рамките на законските надлежности на Агенцијата (со анонимизирани податоци);
-
Годишни, полугодишни и други извештаи на Агенцијата;
-
Податоци од Централниот регистар на збирки со лични податоци;
-
Препораки, мислења, укажувања, упатства и други интерни акти на Агенцијата;
-
Информации за јавни набавки;
-
Документи и информации поврзани со проектите на Агенцијата;
-
Барања и обрасци;
-
Статистички податоци.


