
Агенцијата за заштита на личните податоци во заедничката соработка со ДКАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор изработи Виртуелен водич Ди-пи-о (DPO)
Целта на Ди-пи-о е на едноставен начин да ги запознае граѓаните со нивните права во оваа област, со што би се овозможило остварување на овие права на поефикасен начин. Водичот нуди корисни совети како граѓаните сами да ги заштитат своите лични податоци и чувствителни информации чие откривање би ја нарушило нивната приватност. Агенцијата смета дека со проширување на знаењата за вредноста на личните податоци кои ги поседуваме, ќе помогне во полесно справување со опасностите кои постојат за нив во оваа дигитална ера.
Виртуелниот водич Ди-пи-о (DPO) е објавен на веб страницата на Агенцијата и истиот можете да го видите на следниот линк: https://www.dzlp.mk/e-tutorials/dpo/mk/story.html.
Агенцијата за заштита на личните податоци, Центарот за правни истражувања […]
Претставници на Агенцијата за заштита на личните податоци учествуваа на […]
Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци г. Имер […]