Имате право да добиете потврда од контролорите дали вашите лични податоци се обработуваат, да добиете копија од вашите лични податоци и дополнителни информации за обработката, на пример, целите на обработката или категориите на лични податоци што се обработуваат.

Пример:

Може да побарате копија од вашиот договор за кредит од банката или копија од вашето медицинско досие во болницата бидејќи овие документи содржат лични податоци за вас.

Сепак, треба да се има предвид дека контролорите (компаниите, правните лица) може да наплатуваат административни трошоци за секоја следна копија.

Прочитајте повеќе

Информатор за „Правата на граѓаните како субјекти на лични податоци“