Во одредени околности имате право да го ограничите начинот на кој контролорот ги користи вашите лични податоци (на пр., личните податоци се веројатно неточни, обработката е незаконска, не постои валидна цел на обработката, сте се спротивставиле на обработката што се заснова на легитимен интерес на контролорот).
Пример:
Надлежен орган спроведува истрага за одредено кривично дело, но се чини дека личните податоци за осомничениот коишто биле добиени од трета страна се неточни (на пр., датум на раѓање, криминално досие).Органот не треба да ги избрише овие податоци бидејќи тие претставуваат докази против осомничениот.
Сепак, користењето на овие податоци треба да се ограничи до собирањето на точните податоци.